Македонската ракометна селекција синоќа на гостувањето во Ешкишехир во рамки од 5. коло во квалификациите за Европското првенство 2020 славеше против Турција со 25-26.
Македонија до средината на првиот дел имаше убедлива преднос од +4 (4-8), а Маџовски промаши зицер за +5. По ова играта на нашиот напад пред се во напад како да запре, а домаќините чекор по чекор ја топеа негативата, за да во последните минути направат комплетен пресврт и поведат со два гола.
Но ова како да не беше доволно, па на стартот на вториот дел Турците делуваа уште помоќно и поведоа со +4 (19-15). Но сепак избраницте на Брестовац смогнаа сили и во бркотницата по теренот успеаа да фатат приклучок.
Кузмановску во 49.минута успеа да израмни на 21-21, а во меѓувреме Митревски кој го замени Ристовски одбрани неколку шута. Во 52. минута Талевски искористи контра за прво наше водство во вториот дел (21-22). Па така мечот влезе во завршница, гол за гол.
На две минути пред крајот Талевски погоди за +2 (24-26), но Турците за кратко дадоа гол и намалија на еден. На крајот имаа напад за реми, еден од судијата на секунда пред крајот дури и досуди пенал, но потоа се корегираа и покажаа на девет метри. Турциитее шутираа, но Митревски одбрани за победа.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















