Околу три милиони килограми праски од Росоманско сезонава се извезени во Русија, а се очекува во наредниот период на рускиот пазар да заминат уште до два милиона.
Игор Милошевиќ од Здружението „Росоманска долина” денеска информираше дека и во земјава биле продадени околу три милиони килограми од ова овошје. Во домашните преработувачки капацитети пак, завршиле околу милион килограми праски. Во моментов се бере сортата „крес хевен”, а цената е од 18 до 20 денари за килограм.
– Намалена е побарувачката за Косово. Знаете, претходно доаѓаа со камиони, сега претежно доаѓаат трговци од Скопје по праски во регионов, што е најголем производител на ова овошје, соопшти Милошевиќ.
Тој додаде дека во Росоманско има околу 700 хектари насади со праскови дрвца и неколку пунктови кои вршат откуп на праски за Русија.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















