Тренерот на Далас: Изгубив илјадници долари поради лоши облози со Дончиќ!

649

Лука Дончиќ постигна луда и неверојатна тројка со една нога и при пад за голема победа против Мемфис со звукот на сирената, погодок кој дефинитивно ги воодушеви и изненади големите НБА фанови, но не и тренерот на Далас Маверикс кој откри дека загубил илјадници долари досега поради слични потези на неговата најголема ѕвезда.

Рик Карлајл вели дека веќе очекува невозможни потези од Словенецот поради искуството кое го насобрал во изминатиот период, во кој загубил илјадници долари поради погрешните облози во ситуација кога го предизвикувал својот најдобар играч.

– Искрено, загубив илјадници долари обложувајќи се со Лука за удари од средината на теренот. Еднаш до толку се налутив, па бидејќи игравме во Мексико, го исплатив во пезоси.

– Веќе не се обложувам со него, имам видено како прави се, навистина невозможни работи. Погодува од пола терен, со една нога од 12 метри. Пред тренинзите, се истегнува позади кошот и ме предизвикува со облог.

– Ме прашува дали ќе го прескокне тренингот ако погоди. Сега му велам да заборави, научив дека ќе пронајде начин за да погоди. Тој пронаоѓа агли и можности кои малкумина од нас ги сфаќаат, – објаснува Карлајл.