Далас Маверикс синоќа го совлада актуелниот шампион, Лос Анџелес Лејкерс. Лука Дончич беше повторно лидер за својот тим. Беше на чекор до трипл-дабл учинок постигнувајќи 30 поени, 9 скокови и 8 асистенции.
По пауза од три месеци, се врати Ентони Дејвис. Еден од најдобрите високи играчи во лигата имаша лимитирана минутажа (17 минути) во кој постигна скромни 4 поени и 4 скокови.
По натпреварот се случи интересен момент. Словенечкиот суперстар даваше свој осврт на досегашната сезона на Далас, и на крајот од интервјуто легендарниот Шекил О’Нил успеа да го насмее од срце. Шек го поздрави на словенечки, гест кој ги насмеа и сите во “Ти-Ен-Ти” студиото. Како потсетување, популарниот центар во текот на оваа сезона говореше и српски. Многу пати до сега Шек отворено ги искажувал своите симпатии спрема играчите од Балканот.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















