NBA колумна на Димитар Младеновски-Секстон го надигра својот идол Ирвинг (ВИДЕО)

199

Синоќа бевме сведоци на исклучително интересен натпреавар одигран во источната конференција. “Големата тројка” на Бруклин во првиот заеднички меч доживеа шокантен пораз по две продолженија од младиот тим на Кливленд Кавалирс (конечни 147-135). Кевин Дурент, Џејмс Харден и Кајри Ирвинг беа фрлени во сенка на 22 годишниот бек на “коњаниците”.

Колин Секстон постигна 43 поени и беше клучен играч за победата на својот состав. Ова беше рекордна вечер за него. Тој се врати на теренот по пет меча пауза поради повреда и го одигра мечот на кариерата против својот идол, Кајри Ирвинг. Соочувајќи се својот голем ривал, Секстон (интересно) носејќи ги Nike патиките со името на Ирвинг, го надигра во овој неизвесен натпревар. “Младиот бик” како што популарно го нарекуваат, го носи дресот со број 2 на Кливленд, исто како и неговиот поискусен колега додека настапуваше за тимот од Охајо.Ирвинг уфрли 37 поени, но тоа не беше доволно за победа на големиот фаворит кој има уште многу работа пред себе.

NBA FAN

Димитар Младеновски