NBA со Димитар Младеновски-Најинтересно во Њу Јорк (ВИДЕО)

394

Најнеизвесен натпревар од синоќашната NBA програма се одигра во легендарниот “Медисон Сквер гарден”. Њу Јорк Никс го пречека Шарлот Хорнетс во меч на кој регуларниот дел од натпреварот не го даде победникот.

И покрај тоа што водеа со 17 поени предност во третата четвртина, домаќините убаво се испотија за да ја заслужат победата. Триумф за тимот од “големото јаболко” по дополнителните 5 минути игра (конечни 118-109).Џулиус Рендл со својот шести трипл-дабл сезонава го предводење Њу Јорк. All star крилото на “никси” постигна 33 поени, 13 асистенции и 10 скокови. Реџи Булок постигна 17 поени следен од Дерик Роуз со 15 и Алек Буркс со 14 поени. На спротивната страна, по пауза од пет пропуштени мечеви, се врати Мајлс Бриџис и постигна 30 поени (за 34 минути игра), недоволно за гостински триумф. Со синоќешната тешко извојувана победа, Њу Јорк се врати на четвртото место на табелата во Истокот, каде Шарлот е осмопласиран тим.

NBA FAN

Димитар Младеновски