На прес-конференцијата вчера која лидерот на СДСМ Зоран Заев ја одржа по конгресот на партијата, тој изјави дека „подмладен значи подобар СДСМ“.
„Добивме нова свежина, но и полет, кои заедно со искуството ќе придонесат за подобро функционирање на државата“, рече лидерот на партијата Заев.
„Почнуваме ново четиригодишно поглавје со зацртани нови цели“, додаде тој, споменувајќи ја и вакцинацијата, редот и неселективна правда, развој на економијата и слично, најавувајќи изградба на 260 километри автопатишта и реконструкција на 1.500 километри од постојната инфраструктура.
Зоран Заев објасни и на кој начин биле избрани новите кадри во партијата.
За кадрите коишто влегоа во новото раководство на партијата, претседателот на СДСМ вели дека биле предлози коишто дошле од базата, а се ценела и нивната стручност.
Заев посочи и дека ликовите коишто се избрани за такви функции во партијата веќе го потврдиле нивниот статус кај граѓаните, а исто така можат и да придонесат во органите на самата партија.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















