NBA со Димитар Младеновски-Леброн Џејмс сериозно повреден (ФОТО + ВИДЕО)

1025

Актуелниот шампион, Лос Анџелес Лејкерс, синоќа загуби на домашен терен од Атланта Хоукс на меч во кој крајниот резултат беше најмалку важен. Повредата на Леброн Џејмс го одбележа натпреварот и (за жал) е главна NBA вест.

На почетокот од втората четвртина, во борба за топка, крилниот центар на Атланта, Соломон Хил (со цела тежина) падна на десниот скочен зглоб на “кралот”. Првенствено, повредата изгледаше ужасно. Иако Џејмс се врати на нозе неколку минути подоцна беше очигледно дека ситуацијата е крајно сериозна. Кошаркарските навивачи останаа без здив. Леброн се обиде да се врати во игра (и постигна тројка) но силните болки го спречија да го продолжи натпреварот. “Лејкерси” без својот лидер загубија на домашен терен со конечни 99-94. Џејсон Колинс ги предводеше “јастребите” со 27 поени и 16 скокови.Првите информации велат дека се работи за сериозно истегнување на десниот скочен зглоб. Снимките (за среќа) не покажаа внатрешна траума од посериозен карактер но сепак престои период на пауза. Ова преставува сериозен удар за актуелниот шампион. Ел-Еј веќе 15 натпревари настапува без својот центар Ентони Дејвис. Во текот на наредните денови би требало да добиеме подетални информации околу времетраењето на рехабилитацијата на Леброн и неговото враќање на теренот.

По натпреварот тој кратко се огласи преку “твитер”:

“Ништо повеќе не може да ме растажи и разбесни како неможноста да помогнам на своите соиграчи. Повреден сум, внатрешно и надворешно. Процесот на рехабилитација почнува сега. Ке се вратам назад посилен од било кога” – напиша Џејмс.

NBA FAN

Димитар Младеновски