На синоќешната NBA програма имавме 10 натпревари. Ги издвојуваме најинтересните.
Исклучително возбудлив беше Тексашкиот дуел помеѓу домаќинот Далас и гостите од Сан Антонио. И покрај тоа што “спарси” имаа црна серија од 5 порази по ред со фуриозна игра во второто полувреме, го изненадија фаворитот (119-117). Одличната поентерска претстава на Демар Дерозан беше пресудна за триумфот. Тој постигна 33 поени и 8 асистенции, а младото крило Деџонте Мареј уфрли 25 во големата гостинска победа. На спротивната страна Кристапс Порѕингис и покрај проблемот со личните грешки заврши со 31 поен, во чекор следен од Лука Дончич кој постигна 28 поени.
Лос Анџелес Клиперс е во убава победничка серија. Ја остварија петата победа по ред откако во “Стејплс центар” го совладаа Детроит со конечни 131-124. Маркус Морис имаше одлична вечер постигнувајќи 33 поени, следен од Пол Џорџ со 32. Со новата победа клиперси се на третото место на табелата во западната конференција со скор 37-18.
Мајами Хит оствари тешка победа на гости во Орегон. Го победија Портланд Треил Блејзерс со 107-98 на меч во кој го диктираа темпото во речиси целиот натпревар. All-Star центарот Бем Адебајо ги предводеше “жешките” со 22 поени, следен од Џими Батлер со 20 и Кендрик Нан со 15 постигнати поени. Со новата победа тимот од Флорида изби на петата позиција на табелата во Истокот.
Њу Јорк Никс забележа победа против Торонто Репторс (102-96). “Никси” беа триумфални во својот “Медисон Сквер Гарден” пред се поради одличната игра на Џулиус Рендл. Овогодинешниот All-Star постигна 26 поени и продолжи со константно добрите партии. Ар-Џеј Берет постигна 19 поени, а помогнаа и двоецот бекови Елфрид Пејтон и Дерик Роус кој постигнаа по 11. Њу Јорк продолжува со борбата за пласман во плеј-офот.
NBA FAN
Димитар Младеновски