Земјата се приближува до соларниот минимум, доаѓаат 11 години на леден шок

508

Во 2018 година досега имало 100 дена во текот на кои Сонцето немало сончеви пеги, што ги наведе истражувачите да веруваат дека Земјата треба да се подготви за подолг период на заладување. Само мал дел на сончеви пеги ја обележа нашата земја, бидејќи Земјата тргнува кон соларен минимум многу порано, отколку што очекуваа експертите.

Сонцето го следи циклусот околу 11 години, кога достигнува соларен максимум, а потоа и соларен минимум.

Последен пат кога постоел продолжен соларен минимум, тоа довело до „мини ледено време“, научно познато како Маундеров синдром, кој траел 70 години. Во текот на соларниот максимум, Сонцето дава повеќе топлина и обележано е со сончеви пеги. Намалената топлина во соларниот минимум е поради намалените магнетни бранови.

Како што пренесе Space Weather „до денеска Сонцето беше без сончеви пеги во текот на 100 дена во 2018 година“. Ако продолжат моменталните трендови, 2018 година ќе заврши со најмал број на сончеви пеги за период од 10 години. Ова е знак дека соларниот минимум се приближува, многу побрзо од очекувањата на прогнозерите, пренесе Вебтрибјун.рс.

Маундеровиот минимум, кој имал седум децении ледено време, започна во 1645 и траеше до 1715 година. Се случил кога сончевите пеги биле исклучително ретки. Во овој период, глобалните температури паднале за 1,3 степени Целзиусови, што довело до пократки годишни времиња и на крајот до недостиг на храна.