NBA-Официјален старт на новата сезона (ВИДЕО)

441

Започна новата NBA сезона.

Шампионот Голден Стејт Вориорс го пречека Лос Анџелес Лејкерс. “Воините” најпрво ги добија шампионските прстени а потоа покажаа зошто лани го освоија кошаркарскиот трон. Домаќините победија со 123:109. Стеф Кари беше предводник со 33 поени следен од Ендрју Вигинс со 27. Леброн Џејмс на спротивната страна постигна 31 поен но, не беше доволно за премиерна победа на стартот од новата кампања.

Во вториот дуел, Бостон Селтикс ја пречека Филаделфија 76ерс и успеа фа го издржи притисокот на гостите.
“Келтите” славеа со 126:117 во цврст и (на моменти) тензичен натпревар. Ѕвезденото дуо на домаќините, Џејсон Тетјтум и Џејлен Браун постигнаа по 35 поени и беа најзаслужни за победата. Со ова достигнување, тандемот на “келтите” стана прв по 1969 година кој успеал во првиот меч од сезоната да постигне преку 35 поени. Последниот таков случај е на легендарните Вилт Чембрлен и Џери Вест пред повеќе од 50 години.
На спротивната страна, Џејмс Харден постигна 35 поени а ланскиот прв стрелец Џоел Ембид уфрли 26 поени за “сиксерси”.

NBA FAN
Димитар Младеновски