NBA-Ново рекордно достигнување на “Кралот” (ВИДЕО)

489

Го издвојуваме најинтересното од синоќешните натпревари.

Лос Анџелес Лејкерс гостуваше во “Медисон Сквер Гарден” на дуел со Њу Јорк Никс.
Натпреварот беше неизвесен до самиот крај а во дополнителните 5 минути игра гостите стигнаа до тесна победа од 129:123.

Леброн Џејмс повторно оствари ново рекордно достигнување.
На местото каде претходно има остварено многу историски подвизи, “Кралот” повторно пружи ноќ за паметење. Џејмс оствари “трипл-дабл” учинок со 28 поени 11 асистенции и 10 скокови со што стана единствениот играч во историјата на NBA кој во својата 20-та сезона успеал да оствари такво нешто. Ова е негов 106 натпревар на кој бил двоцифрен во три статистички категории. При тоа тој успеа да стигне до четвртото место на вечната листа на најдобри асистенти поминувајќи ги Марк Џексон и Стив Неш, во иста вечер.

На еден од најдобрите играчи на сите времиња му недостигаат уште само 89 поени за да се искачи на првото место по бројот на постигнати поени. На врвот, речиси 40 години се наоѓа легендарниот центар Карим Абдул-Џабар.

NBA FAN
Димитар Младеновски