NBA-Најинтересното од синоќешните натпревари (ВИДЕО)

395

Лос Анџелес Лејкерс ја пречека Филаделфија 76ерс во најнеизвесниот натпревар од синоќешната NBA програма.
Во самиот финиш “Сиксерси” го издржаа притисокот и извојуваа тесна победа од 113:112. Ова беше втор меч едно по друго кој домаќините го загубија во последните секунди.
Прв стрелец кај победникот беше Џоел Ембид со 35 поени следен од Џејмс Харден кој оствари “дабл-дабл” учинок од 24 поени и 13 асистенции.
Кај “Лејкерси”, Леброн Џејмс беше најефикасен со 35 поени и 10 асистенции а Расел Вестбрук оствари “трипл-дабл” со 20 поени, 14 скокови и 11 асистенции.

Чикаго Булс го пречека актуелниот шампион, Голден Стејт Вориорс.
“Биковите” иако настапија без Демар Дерозан, конечно одиграа на ниво и заслужено победија со убедливи 132:118.
Шест играчи на домаќините имаа двоцифрен број на поени а одлична партија пружи Црногорскиот центар, Никола Вучевич кој постигна 43 поени и 13 скокови.
Кај гостите, Клеј Томсон беше најпрецизен со 26 поени.

Младиот тим на Оклахома Сити Тандер продолжува да ги изненадува противниците.
Синиќа на гостувањето во Бруклин, извојуваа победа од 112:102.
Шеј Гилгес-Александер и Џош Гиди беа најефикасни со по 28 поени а на спротивната страна Сет Кари беше најпрецизен со 23 поени.

NBA FAN
Димитар Младеновски