Во еден од најинтересните натпревари од синоќешната NBA програма, Минесота го пречека Голден Стејт.
Тимот од Минеаполис настапи без својот втор стрелец Ентони Едвардс но, оваа вечер младите “волци” беа исклучително расположени за надигрување. Карл Ентони Таунс пружи одлична партија, постигна 39 поени и беше најзаслужен за зачувување на домашниот терен. Поранешниот играч на “вориорс” Дианџело Расел постигна 22 поени и подели 7 асистенции. Минесота победи со 129-114 за својот 34 триумф сезонава.
На спротивната страна единствен расположен беше Стеф Кари кој постигна 34 поени. Не настапија Клеј Томсон и Дрејмонд Грин. И покрај вториот пораз по ред “воините” се наоѓаат на второто место во западот со скор 43-19.
NBA FAN
Димитар Младеновски