NBA-Мизеријата на “лејкерси” продолжува (ВИДЕО)

211

Лос Анџелес Лејкерс продолжува да тоне.

По поразот од Лос Анџелес Клиперс, синоќа претрпеа нов тежок пораз од Њу Орлеанс Пеликанс (123-95). Леброн Џејмс (повторно) беше единствениот кој пружи отпор и постигна 32 поени а остатокот од тимот одигра лошо што резултираше со втор пораз по ред на домашен терен по Oл-Стар паузата. Посебно загрижувачки се покажа играта на домаќините во третата четвртина која ја загубија со 19 поени разлика, по што поразот беше неизбежен. Гостите кој водеа од самиот старт на мечот, беа предводени од Си-Џеј МекКалум со 22 поени и од поранешниот играч на “лејкерси” Брендон Инграм кој постигна 19.

“Езерџиите” кој се најголемото разочарување во тековното првенство, се наоѓаат на деветата позиција во западната конференција со скор 27-33.

NBA FAN

Димитар Младеновски