Приведени двајца вработени во Град Скопје

470

Двајца вработени во Град Скопје со иницијали Ј.С. и Е.С утрово се приведени од работното место поради сомнение за злоупотреба на службената положба, компјутерска измама и компјутерски фалсификат, информираше портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Станува збор за шалтерски работници од секторот за даночни пријави. Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот, а за повеќе информации јавноста дополнително ќе биде известена.

Вработени во Град Скопје за „Макфакс“ велат дека колеги на уапсените подолго време се сомневале во нивното работење откако забележале дека недостасуваат пари во касата.