Лос Анџелес Лејкерс (конечно) влезе во победничка серија.
Поранешниот шампион на домашен терен ја совлада Атланта Хоукс со убедливи 130:114 со што стигнаа до четвртата победа по ред.
Тимот има големи проблеми со повредите на играчите но, сепак го одржува победничкото темпо.
Лидер (стандардно) беше Леброн Џејмс со 25 поени и 10 асистенции. Одличен придонес имаа Денис Шродер со 21 поен и Расел Вестбрук, кој беше близу до “трипл-дабл” учинок реализирајќи 18 поени, 11 скокови и 9 асистенции.
И покрај победничката серија, тимот од “Ел-Еј” сеуште има негативен биланс со 18 победи и 21 пораз сезонава.
NBA FAN
Димитар Младеновски