Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ линеарно ќе ги покачи пензиите за 5 илјади денари на сите пензионери

286

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2 го честиташе празникот Рамазан Бајрам и посака многу среќа, берикет и успешна година.

Денеска сме во Гази Баба каде што ќе имаме повеќе средби. Во моментот привршуваме со прекрасна средба со пензионери каде што можевме да ги слушнеме постарите и повозрасни лица каде навистина е тешко да се слушаат тие емоции од нивна страна бидејќи навистина со мали пензии, недоволно средства тешко е да се живее.

 Она што најмногу ги мачи пензионерите е со нивните мали пензии немаат доволно средства да си ги купат своите намирници, но најголем проблем е како да си ги купат сите лекови кои им се потребни месец за месец. Затоа владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за многу скоро време после 8 мај, ќе започне со проект кој го ветуваме на сите пензионери, а тоа е зголемена пензија линеарно за 5 илјади денари на сите пензионери. Затоа сакам да ги повикам граѓаните на 24 април, а потоа и на 8 мај сите заеднички да излеземе што повеќе и да дадеме поддршка за Гордана Силјановска Давкова, а потоа и за нова влада на 8 мај формирана од ВМРО-ДПМНЕ, за поголеми пензии, за поголеми плати, за подобра економија за подобар стандард. Време е за промени, рече тој.