Коби Брајант во 1998 година позираше со македонско знаме (ФОТО)

80

Веста за смртта на Коби Брајант во хеликоптерска несреќа го потресе целиот свет, па неговите фанови и пријатели се збогуваат од прославениот американски кошаркар.

Една негова навивачка од Македонија објави фотографија на која легендарниот Американец е фотографиран со македонско знаме.

„Светско првенство во ‘уличен баскет’, 1998 година, Париз. Коби Брајант и Трејси Мек Грејди по мечот со Македонија“, пишува на статусот.