NBA колумна на Димитар Младеновски-Нови имиња во главниот град

226

Тимот од главниот град пробува да се опорави од уште една тешка сезона исполнета со многу повреди и промени. Со сериозно променет состав се надеваат на пласман во плејофот.

Вашингтон е предводен од вториот стрелец од ланскиот шампионат, Бредли Бил кој постигнуваше над 31 поен по натпревар. Три кратниот All Star, влегува во својата десета NBA сезона. Претставува еден од најпочитуваните играчи во лигата, пред се поради својата лојалност кон тимот.

“Волшебниците” сезонава ќе имаат еден сосема нов изглед. Пристигнаа тројца играчи од Лос Анџелес Лејкерс во трампата која Расел Вестбрук го испрати во “Ел Еј”. Кајл Кузма, Монтрез Херл и Контевиус Колдвел-Поуп се со нова униформа. Најмногу се очекува од Кузма кој (конечно) ќе добие слобода во играта.

Нови во тимот се и бековскиот тандем, Спенсер Динуиди кој доаѓа од Бруклин како и Ерон Холидеј кој се приклучи од Индијана. Во тимот останаа и центрите Томас Брајант и Даниел Гефорд, крилото Давис Бертанс како и бекот Раул Нето. Од староседелците најмногу се очекува од двоецот квалитетни и надежни крила, јапонскиот репрезентативец Руи Хачимура и Дени Авдија кој по сезоната исполнета со повреди се надева на подобро здравје и повеќе среќа годинава.

На хартија Вашингтон има солиден тим, покомпактен и пополнет од ланската сезона. Оптимално во новото првенство би било пласман во доигрувањето. Со ова достигнување би биле задоволни сите во главниот град.

NBA FAN

Димитар Младеновски