НБА колумна на Димитар Младеновски: Магичниот PENNY

0
189

Плеј од 2,03 cm. со креативност и визија, брзина и сила! Anfernee “PENNY” Hardaway! Неуморен работник со вонсериски квалитети. Играч пред своето време. Идол на многумина. Скромен, тивок и повлечен човек кој на теренот како експлозија ја изразуваше сета своја моќ. Приказна за човекот за кој Michael Jordan лично има изјавено дека најмногу го потсетува на себеси. Кој беше Penny?

Orlando Magic (1993-1999)

Избран како 3-ти пик на драфтот 1993 год. по големо инсистирање на идниот клубски колега Shaquille O’Neal, преку трампа Penny пристигнува во Орландо. Уште на стартот се надзира дека се работи за нешто специјално. Освојува еден куп награди меѓу кои и M.V.P. во натпреварот на дебитантите, а тимот станува се посилен. Се формира атрактивно младо дуо кое рапидно ја менува сликата на NBA.  Од млад и перспективеен тим “магичните” стануваат страв и трепет на Истокот. Покрај Shaq и Penny во тимот пристигнува 3-кратниот NBA шампион Horace Grant кој е токму тоа кое му е најпотребно на тимот.

Играта на Hardaway e на All-Star ниво и му дозволува раст и прогрес на остатокот од тимот (Dennis Scott, Nick Anderson, Brian Shaw)  кој токму поради присуството на нашиот херој ги пружаа најдобрите животни партии. Несебичноста и креативноста која ги поседува Penny го носи Orlando Magic до финалето 1995 година каде за жал губат од бранителот на тронот (Houston Rockets). Во својата втора сезона во лигата Hardaway е NBA финалист и за влакно не станува NBA шампион.

За многумина експерти Оrlando Magic предвреме стигна таму каде што се бореше да стигне. Поминува уште една одлична сезона (1995-1996) Penny е веќе редовен All-Star играч но Chicago Bulls се спремни за одмазда и ги елиминираат од Playoff-от. Следува летото 1996 и освојување  на златниот медал на Олимписките игри во Атланта ’96 каде Penny е еден од најдобрите играчи во својата репрезентација.

Следната сезона (’96-’97) Hardaway останува сам по заминувањето на Shaquille O’Neal (во Los Angeles Lakers) но и покрај послабиот играчки потенцијал кој го има тимот, ги покажува лидерските кавалитети и сам на свои плеќи го носи тимот во play off. Во последните две сезони (1998 и 1999 год.) Penny почнува да игра променливо, најчесто поради повреди кои управата на клубот смета дека не треба детално да се презентираат во јавноста. Негативната реакција од публиката како и на тимот во кој се афирмираше како супер ѕвезда го измачува психички. Тое претставува и главната причина неговата играчка приказна да ја продолжи на друго место. Во тоа време неговото преминување во друг тим претставуваше еден од најголемите спортси новости и очекувањата повторно беа многу високи.

Phoenix Suns (1999-2003)

Преку трампа Hardaway пристигнува во “долината на Сонцето” каде формира нов тандем, овој пат со еден од најдобрите плеј-мејкери во историјата Jason Kidd. Уште во првата заедничка сезона и покрај повредите “сонцата” успеваат да го елиминираат актуелниот шампион (San Antonio Spurs) но налетуваат на страшно моќниот тим на Lakers и својот поранешен најдобар пријател Shaquille O’Neal. Губат од Lakers но во Phoenix допрва доаѓаат промени.

Kidd е разменет за проблематичниот Stephon Marbury и тимот доживува 2 променливи години на резултатски план. Токму во тие две години Penny два пати оди “под нож” и (трет пат) го оперира проблематичното лево колено кое се повеќе го мачи. И кога конечно е здрав и подготвен (па дури и прифаќа нова улога во тимот како играч од клупата) менува адреса. Во мега трампа во кој се вклучени 10 играчи заминува во “големото јаболко”.

New York Knicks (2004-2006) & Мiami Heat (2007)

Иако не е повеќе истиот играч по заминувањето од Phoenix, сепак Penny Hardaway исклучително придонесува во првата успешна сезона за New York Knicks по подолго време и пласман во play-off (2004) каде е втор стрелец на Knicks-и. Но веќе следната сезона колената повторно почнуваат да му прават проблем и минутажата му се намалува, придонесот  сепак останува па затоа е миленик на публиката. Заминува во Февруари 2006 год. и паузира се до Август 2007 год. кога тогашниот шампион Miami Heat на инсистирање на неговиот голем пријател Shaquille O’Neal го довдуваат во тимот. Comeback-от трае само 16 натпревари, и покрај заинтересираноста за него од други тимови Penny става точка на својата кариера.

РЕЗИМЕ

Anfernee Penny Hardaway беше играч кој во денешно време би бил прва опција во било кој тим. Плејмејкер со страшни физички предиспозиции и визија во игра налик на Magic Johnson, Steph Nash a атлетицизам на Russell Westbrook или Zach LaVine. Идол на играчи како Tracy McGrady, или најубаво кажано од Shaquille O’Neal – “Да останеше здрав Penny ке беше подеднакво успешен како Kobe Bryant”. Во моментов е главен тренер на универзитетот Memphis (каде и студираше) и бележи одлични резултати. Беше одличен лидер и сеуште е.

NBA FAN

Димитар Младеновски

Прочитајте ги претходните колумни на Димитар:

NBA колумна на Димитар Младеновски: БАЛКАНОТ ЈА РАЗБРАНУВА НБА

Ретро НБА колумна на Димитар Младеновски: SHAWN KEMP – Ѕверот од 90-тите

НБА колумна на Димитар Младеновски: Титулата е многу поблиску на дофат за LAKERS одколку што мислевте

НБА колумна на Димитар Младеновски:Toronto Raptors – Лажниот фаворит од Северот

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here