Приказната за еден од најдобрите играчи во 90-тите и можеби најатрактивниот крилен играч кој некогаш играл кошарка е се само не обична. Од скромната “rookie” сезона, преку прераснување во All-Star играч и oлимпиец, до историските борби на Западот и константното докажување. На чекор до титулата и рамо до рамо со најдобрите (финалето 1996 година против Мајкл Џордан и Чикаго Булс), преку нови битки на приватен и професионален план и се до згаснувањето на една кариера, која можеше да биде многу повеќе отколку што беше.Многу информации кружеа за овој неспорно квалитетен спортист, со брутална сила и до тогаш (за многумина и до денес) невидена атрактивност во играта. Ова е само кратка најава за крилото кое можеше да биде најдоброто на сите времиња.Што се случи?
Сиетл Супер Соникс (1989-1997)
Шон Тревис Кемп. Драфтуван од “соничните” како 17 пик на драфтот 1989 година. Уште од самиот старт, со пристигнувањето во најсилната кошаркарска лига дигна прашина. Се работеше за недокажан млад и перспективен играч, (директно од средно школо) кој доаѓа во друштво на докажани професионалци. Кога целата нација во Кемп гледаше проблематичен “клинец” тимот кој го доведе во него препозна неизбрусен дијамант. Шон Кемп претставува еден од првите кој ја проби бариерата дека играчи кој доаѓаат во лигата директно од средношколска клупа можат да бидат ѕвезди. По него следуваа величини како Кевин Гарнет, Коби Брајант, ЛеБрон Џејмс итн.Под константен надзор на искусни ветерани во тимот (Мајкл Кејџ и Ксевиер МекДениел – кој играа на иста позиција како него) тој својата скромна прва сезона ја валоризира во одлична втора сезона. Истата година (1990) во тимот пристигнува Гери Пејтон со кој Кемп веднаш пронаоѓа хемија во играта. Истиот овој тандем во сезоните кој следат, од млад тим полн со потенцијал прераснува во кандитат број еден на Западот.
Новиот тренер на тимот, Џорџ Карл, е убеден дека токму овој млад тандем претставува основа на ростерот. По негово инсистирање носи уште тројца докажани ветерани. На тимот му се приклучуват германецот Детлеф Шремф, искусниот бек поентер Херси Хоукинс и поранешниот NBA шампион, високиот шутер Сем Перкинс. Овие потези на управата на клубот резултираат со одлични резултати, и 3 успешни сезони.Следува исполнување на сонот за секој играч – претставување на својата земја на FIBA WORLD CUP 1994 година. Во Торонто (Канада) Кемп е еден од носителите на играта и најзаслужните за освојувањето на златниот медал на САД.По неколку успешни сезони во кој прераснува во редовен All – Star играч, и неспорно вбројуван меѓу најдобрите во лигата, Кемп и неговите “соникси” (во сезоната 1995-1996) доаѓаат до (легендарното) финале против Чикаго Булс. Титулата им беше на дофат, но ривалот беше пресилен. Загубија со 4-2 во победи. Кога пред целиот Свет ,“The Reign Man” го покажа сиот свој квалитет и моќ почнуваат нови моменти во неговата кариера.Уште една успешна сезона и за влакно ново финале. Пораз во полу-финалето на Западот (сезона 1996-1997). Константните промени во тимот (дебел договор на недокажан центар од типот на Џим МекИлвејн) и одбивањето на управата на клубот да го ревидира неговиот договор, го носат до момент кога миленикот на публиката е на излезна врата од тимот во кој се афирмираше како суперѕвезда.Кливленд Кавалирс (1997-2000)
Во трампа која го преселува во Охајо, Шон Кемп од млад тим со 5 дебитанти прави конкурент кој беше страв и трепет на почетокот од сезоната. Неискуство и константните проблеми надвор од теренот (на приватен план – Кемп е татко на 8 деца од 5 различни жени), не му дозволуваат на тимот да дојде до сензационален пробив во плеј-офот, во првата сезона како “коњаник”. Во следната скратена NBA сезона поради lockout-от (1998-1999) Кемп се појавува во тренинг кампот на Кливленд со 20 килограми повеќе од предходно.Во тоа време преставуваше шок како може да се случи толку драстично негативна промена од сезона во сезона. Почнуваат да се шират информации за хаотичниот стил на живот кој тој го има, како и се почестите шпекулации дека Кемп обожува брза храна, луди забави и користење кокаин!!!Чисто информативно, Шон Кемп, никогаш не бил позитивен на допинг тест кој NBA лигата редовно ги спроведува, а и неговата игра на теренот не покажуваше знаци на такво нешто.И покрај вишокот килограми, високото крило во наредните 2 сезони, пружа повеќе од солидни партии но тимот повеќе не е конкурет за висока позиција. Некогаш најатрактивниот играч во лигата кој леташе преку противниците, сега својата игра ја базира на шут од дистанца и лесни поени во рекетот (најчесто преку полу хорок или положувања).
За тоа колку во него гледале квалитет, говори фактот што веќе следната сезона (2000-2001), го ангажира тимот кој во тоа време важеше за главен конкурент на тогашниот шампион (Лос Анџелес Лејкерс), тимот на Портланд Треил Блејзерс.Портланд Треил Блејзерс и Орландо Меџик (2000-2003)
Во овие 3 сезони Кемп најчесто е играч од клупа кој неспорно е корисен, но за жал, само бледа сенка од оној брутален ѕвер и невидена атлета од пред само неколку сезони.
Честите повреди на колената и константиот проблем со килограмите, го оддалечија од барем најмалку 3-4 успешни сезони во кој би ја комплетирал својата кариера. По неуспешниот обид за “come back”, ја завршува својата играчка приказна на само 33 годишна возраст.ЅВЕРОТ КОЈ НЕ УСПЕА ДА СТАНЕ ЛЕГЕНДА
Спојте ги атлетизмот на млад Блејк Грифин и шутот на Кевин Дурент. Додадете ја дрскоста и жарот со кој игра Расел Вестбрук. Тоа во кратки црти го опишува нашиот херој во приказнава.Секој кој го гледал во време кога жареше и палеше по теренот, може да посведочи за колку квалитетен кошаркар стануваше збор.
Таков го паметам јас и за мене неспорно ќе остане дилема, што ли ќе се случеше доклку некој работи тргнеа во негова полза?Дисциплината на Шон Кемп секогаш беше голем знак прашалник.
Доколку ја имаше неспорно ќе беше шампион, “Hall of fame”-ер, и во дебата дали е најдоброто крило кое некогаш играло кошарка?
Уживајте во ова видео.
NBA FAN
Димитар Младеновски