Конечно заврши сагата помеѓу Џејмс Харден и Хјустон Рокитс. Синоќа е официјализиран трансферот на поранешниот MVP во тимот на Бруклин Нетс.
Информациите кој доаѓаат од САД говорат дека тој е трејдуван во Бруклин Нетс во замена за четири пика на драфтот, како и талентираните Карис Леверт и Џарид Ален. Освен Хјустон Рокитс и Бруклин Нетс, уште Кливленд Кавалирс и Индијана Пејсерс се вклучија во блокбастерот во кој во главна улога беше најдобриот стрелец од претходните три сезони.
Индијана го доби Керис Лаверт од Хјустон а во спротивен правец го испрати поранешниот “аll star” Виктор Оладипо. Кливленд доби одлично засилување во младиот центар Џарид Ален како и во дефанзивецот Торијен Принс кој во пакет доаѓаат од Бруклин. По размената “ракетите” освен пикови на драфтот, ги добија Родрик Куруц и Дантеј Егзум.
Останува да видиме што ке се случи после оваа огромна размена на играчи.
NBA FAN
Димитар Младеновски












![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)





















