(Видео) EБP на Вевчанскиот карневал: Полицијата нacилно го pастури карневалот

70

Со маски ниту во услови на светска пандемија, вевчанци не се откажуваат од вековната традиција за одржување на Вевчанскиот карневал и покрај апелите од надлежните да нема собири.

Двете василичарски друштва, Горна и Долна маала се оградија од организацијата, а низ вевчанските улици полека се собираат маскирани лица кои сакаат да испратат некоја порака.

Василичарските друштва Горна и Долна маала од Вевчани, како што потврдија вчера за МИА претседателите на двете друштва Перо Ташиноски и Мирослав Костојчиноски, по средбата со градоначалникот Сашо Јанкоски, се откажаа од организација на Вевчанскиот карневал, кој традиционално речиси 15 века се одржува на 13 јануари.

Како што дознаваме ексклузивно, во моментов полицијата го растура Вевчанскиот карневал, полии циското присуство е огромно, а можат да се забележат и припадници на ЕБР. Како што се вели во коментарите од видеото, цела охридска и струшка полиција се во градот.

Карневалот е вековна традиција во Вевчани, а вевчанци цела година живеат со идеите како ќе се маскираат. Вевчанци ќе кажат се, но до карневалското дефиле маските ги чуваат во тајност. Традиционално карневалот почнуваше со дефиле под маски напладне на 13 јануари, а следниот ден маските се палат во центарот на Вевчани, со што завршува манифестацијата.

Извор: infomax.mk