Во текот на денешниот ден времето во државава ќе биде променливо облачно и нестабилно, особено во попладневните и во вечерните часови со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со град. Ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од југоисточен и од југозападен правец. Максималните дневни температури, и понатаму ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.
Во Скопје и околината особено доцна попладне и навечер ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено ќе засилува, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 29 степени.
Утре се уште ќе има повремени локални врнежи од дожд а има услови и за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура позначително ќе опадне и ќе се искачува во интервалот само од 15 до 23 степени. Во петок и за време на викендот ќе имаме стабилно и суво време без врнежи, температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени. Исто така во петок и во сабота ќе продолжи да дува умерен ветер од северен правец, истиот на некои места повремено ќе засилува.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)


