Кире Ристевски: Сите очекуваме нешто големо на ЕП (ВИДЕО)

486

Три недели до дебито на Европското првенство, македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе се собере во Скопје и ќе ја започне подготовката за толку очекуваниот турнир кој не свртсува во елитата.

Големи се очекувањата на јавноста и фановите, а и фудбалерите ја чувствуваат таа еуфорија.

„Се крева голема еуфорија пред Европскот првенство. Сите се подготвуваме, јас завршив порано во Унгарија и се подготвував во Битола. Сите очекуваме нешто големо на завршниот турнир, се надевам дека така ќе биде.

Многу недостигаа фановите оваа година. Во финалето на унгарскиот Куп дозволија присуство на 2.000 гледачи и тоа веднаш се почувствува“, вели новиот дефанзивец на АЕЛ Лимасол, Кире Ристевски.

Дефанзивецот имаше одлична сезона, во која го освои Купот на Унгарија, а пред неколку дена реализиеа трансфер во кипарскиот АЕЛ Лимасол.