NBA-Кари со звукот на сирената (ВИДЕО)

308

Голден Стејт Вориорс и Хјустон Рокетс, синоќа одиграа меч кој беше решен во последната секунда.

Лидерот на “воините”, Стеф Кари погоди скок шут со звукот на сирената за експлозија од воодушевување за навивачите во Оукленд. Кари со дриблинг го исфрли од рамнотежа својот чувар, Кевин Портер јуниор и успешно реализира. За најдобриот “тројкаш” на сите времиња ова е осми победнички кош во кариерата.Кари беше прв стрелец со 22 поени и 12 асистенции. Одлична игра пружи и младиот бек Џордан Пул со 20 поени, следен од канадскиот репрезентативец Ендрју Вигинс кој реализира 17. “Воините” се наоѓаат на втората позиција на Западот со скор од 33 победи и 13 порази.

NBA FAN

Димитар Младеновски