Бокс корнер со Димитар Младеновски-Најпосакуваниот двобој за 2022 (ВИДЕО)

716

Не очекува возбудлива година исполнета со многу динамични борби. Еден од најпосакуваните и најочекуваните дуели е оној кој веќе одредено време (на големо) се најавува. Конор Бен и Адриен Бронер е судир кој секој боксерски фан со нетрпение го очекува.Се работи за два исклучително атрактивни борци со сосема различни патишта и фази во своите кариери. Конор Бен има идеален скор со 20 победи во 20 мечеви (со 13 нокаут завршници). Синот на легендарниот Најџел Бен, претставува еден од најталентираните и најсилните боксери во “велтервејт”. Она што ги воодушеви фановите како и боксерските аналитичари е неговиот напредок во дефанзивата, посебно со која брзина “Уништувачот” ескивира при ударите на противниците. Има 25 години и е седум години помлад од својот евентуален противник.Како и Бен, Адриан Бронер многу млад успеа да ги допре шампионските височини. На само 26 годишна возраст, Бронер беше четири кратен шампион во четири различни категории. Бронер кој има надимак “Проблем” во последните пет години имаше исклучително тешки ситуации, фамилијарни драми како и проблеми со законот. Во својата кариера има доживеано четири порази но, никогаш не загубил нокаутиран. Има 34 победи, 4 загубени борби и еден нерешен дуел. Доколку се врати (пред се) на ментален план, Бронер сеуште е еден од најопасните противници во својата категорија.Двајцата неколкупати досега отворено изразија желба да се сретнат еден против друг. Останува на нивните менаџерски тимови да договорат услови по кој овој дуел би се случил. Едно е сигурно. Бен и Бронер ќе се судрат набргу. Единствено прашање е кога тоа ќе се случи?

Димитар Младеновски