Поради повредите на играчите како и “ковид протоколите”, ростерот на “никси” е сериозно истенчен. Дерик Роус ќе отсуствува најмалку осум недели поради операција на скочниот зглоб, а одреден период ќе тимот ќе биде и без младиот плеј Имануел Куикли. Тоа значи повеќе минути на поранешниот All-Star, Кемба Вокер.
По сериозните несогласувања со тренерот Том Тибодо, Вокер го загуби своето место во ротацијата. Тоа значеше мечеви без влез во игра или минорна минутажа. Синоќа на мечот против Вашингтон, “Кардиак Кемба” доби шанса за игра која ја искористи на најдобар можен начин. За 43 минути поминати на теренот, Вокер постигна 44 поени, 7 тројки и 8 асистенции водејќи го тимот од “големото јаболко” до домашен триумф. Имаше висок процент на шут од поле со над 50% а не промаши ниту еднаш во деветте обиди од линијата за слободни фрлања.
Њу Јорк сезонава игра под очекувањата. Во моментов се наоѓа на 12-то место во Истокот со 14 победи и 18 порази.
NBA FAN
Димитар Младеновски









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











