Нутриционисти од САД го одредија најсоодветното време за пиење кафе, со што тоа би било што покорисно. Нивните препораки се објавени на интернет-страницата „Ши фајндс“ (She Finds).
Започнувањето на денот со шолја кафе несомнено е едно од вообичаените задоволства во животот. Кофеинот не само што помага да се добие потребната енергија наутро, туку може да помогне и во губење тежина, односно подобрување на метаболизмот и полесно согорување на маснотиите. Иако урамнотежената исхрана и вежбањето остануваат главен фактор за здраво слабеење, утринското кафе е соодветен следен чекор кон оваа цел.
Стручњаците особено препорачуваат црно кафе без шеќер. Имено, калориите мора да се внесат заедно со корисните елементи во храната, а слаткото кафе носи празни калории.
Диетологот Кристина Таул препорачува кафето да се пие на празен стомак, 30 минути откако ќе испиете чаша лимонада. Овој сок хидрира доволно и обезбедува алкалност во телото.
Пиењето кафе 30 минути по будењето може да биде една од најсоодветните работи за телото во целина. Тоа го потиснува апетитот и на тој начин не се брза со гладта и храната наутро.
-Пиењето кафе на празен стомак или со првиот оброк во денот, може да спречи прејадување и да доведе до губење тежина, потврдува д-р Лиза Ричардс.
Според стручните лица, кафето може привремено да го претвори телото во „машина за согорување маснотии“ и тоа е доста корисно за слабеење. Но, брзиот метаболизам благодарение на утринското кафе, нема траен ефект, па затоа е важно и појадокот да биде богат со хранливи материи, т.е. полн јаглени хидрати, протеини и здрави масти.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











