Како многу пати досега, синоќа најдраматично беше во најпознатата арена во светот. “Медисон Сквер Гарден” повторно беше главно место на случувањата.
Во натпревар на кој домаќините губеа и со 25 поени, успеаа да се вратат и во “инфаркт” завршница да слават со 108-105 со поени на Ар-Џеј Берет со звукот на сирената. Канадскиот репрезентативец погоди тежок шут и донесе триумф за “никси”. Њу Јорк го доби второто полувреме со 61-42 и сосема заслужено оствари “кам-бек”. Oва беше најголем нивни пресврт во последните 17 години. Во 2004-та против Милвоки успеаа да се вратат од 26 поени негатива и да го свртат резултатот во своја полза.
Францускиот интернационалец Еван Форние оствари рекорд во кариерата постигнувајќи 41 поен, притоа погодувајќи 10 тројки. Аll-Star крилото, Џулиус Рендл постигна 22 поени а младиот Емануел Куикли 16.
NBA FAN
Димитар Младеновски



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















