Додека јавувал во живо, зад него прошетала гола девојка: За работите да бидат полоши, не е неговата партнерка

944

Вклучувањето на шпанскиот новинар Алфонсо Мерлос во една емисија стана хит на социјалните мрежи, но не поради неговото мислење за коронавирусот туку поради тоа што во директната програма во живо, зад неговиот грб прошетала гола девојка.

Мерлос, инаку се јавил како гостин новинар во емисијата “State of Alarm” која ја води Хавиер Негре, кога девојката прошетала зад неговиот грб.

За работите да бидат полоши, не станува збор за неговата девојка Марта Лопез со која е во врска една година. Во прашање е друга девојка – Алексија Ривас, новинарка на емисијата “Socialite”.

View this post on Instagram

Día 30. We can ♥️

A post shared by Alexia Rivas (@alexiaarivas) on

“Добро сум и не сакам да давам никакви изјави по тоа прашање. Многу работи кои се кажани не се вистина”, рекол накратко Алфонсо на прашањето која е девојката.

Инаку, Мерлос е новинар, манекен и славна личност во Шпанија, а тамошните медиуми се занимаваат со љубовниот триаголник во кој се нашол. Неговата девојка Лопез вели дека е срамота тоа што го направил.