На денешен ден пред 16 години се случи еден од најпознатите инциденти
Салваторе Совиеро е италијански голман кој никогаш нема да биде запамтен по своите квалитети, туку по неговите жестоки реакции, расправиите со противниците и судиите, но и по една од најпознатите тепачки во фудбалот на Чизмата.
Совиеро беше голман на тимот на Венеција кога во рамките од Серија Б, гостуваше кај Месина. Венеција загуби со 2:1, а гостите имаа три исклучени играчи. Во мечот со многу нервоза и остри стартови, најмногу ќе се памти неверојатната реакција на голманот Совиеро.
Во 83 минута, Совиеро доби директен црвен картон, а тоа беше и најава за шоуто кое потоа следуваше. Голманот на гостите веднаш се стрча кон противничката клупа и започна да се тепа со секој што ќе застанеше пред него. Едноставно беа потребни повеќе луѓе за да го смират разулавениот голман.
За овој инцидент кои уште се памти, Совиеро доби петмесечна суспензија.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















