Митревски: Остана да одиме по потежок пат, одбраната е виновна за поразот

625

Голманот на македонската репрезентација Николче Митревски доби шанса за настап во вториот дел од поразот од Чешка на Европското првенство.

Неговата одлична игра од првиот меч не успеа целосно да ја пренесе денес, но за тоа немаше ни доволно минутажа. Поразот според него е доживеан поради лошата дефанзива и феноменалниот голман на Чесите, Мартин Галиа.

„Остана да го одиме потешкиот пат. Имаме два дена да се подготвиме за Австрија, која не е кој знае колку силна репрезентација. Нашата лоша игра во одбрана и нивниот голман го одлучија денешниот натпревар“, изјави македонскиот голман.

За два дена Македонија ќе излезе на терен и ќе мора да го победи домаќинот Австрија. Во меѓувреме нашиот пласман во следната фаза ќе зависи и од исходот на мечот меѓу Чашка и Украина.