Челниците на НБА-лигата и претставниците на 30-те клубови работат интензивно на наоѓање на начин за продолжение на сезоната. Заедничка цел е шампионатот никако да не биде поништен, иако на сите им е јасно дека тоа најверојатно нема да може да се случи пред публика на трибините.
Предвремен крај на сезоната ќе значи огромна загуба за лигата, но и за сите клубови, па иако е очигледно дека кризата со коронавирусот дополнително ќе ескалира во САД, сега се прават планови лигата да продолжи во втората половина на јуни, евентуално првата седмица од месец јули.
Како нова идеја се наведува играњето на целокупниот плејоф на едно место, со што би се избегнале честите патувања на екипите и би се намалил ризикот од болеста. Како можна опција се наведуваат Хаваи, Бахами, но и Атлантик Сити и Луивил. Ќе треба да се скрати и форматот на плејофот, па не се исклучува можноста финалето наместо до четири да се игра до три победи, а претходните рунди во плејофот да бидат во два или во три добиени меча.
Засега и оваа идеја е во фаза на изработка, но е многу пореална откако „нормално одржување на плејофот“, нешто што навистина делува како невозможна мисија во моментов.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












