Де Лихт во последното интервју за Ајакс откри зошто го избрал Јувентус пред другите богати понуди

646

Матијс Де Лихт ова утро и официјално беше потврден како големо летно засилување за италијанскиот првак Јувентус, но во моменти кога клубот од Торино се радува на значајната аквизиција, Холанѓанецот го одработи и последното интервју за матичниот клуб Ајакс.

Де Лихт го напушта Ајакс после цели 13 сезони и како капитен на тимот кој беше вистинска сезнација во Европа изминатава сезона, но покрај тоа што говореше за тешкотијата да го напушти Амстердам, образложи и зошто го избрал Јувентус како идеално сценарио, без оглед на тоа што имаше и други прималиви понуди како оние од Барселона, Баерн, Јунајтед и Сити.

– Играв десет години во младинскиот сектор на Ајакс и три во првиот тим, но за жал, дојде време за нов чекор. Отсекогаш сум бил фасциниран од италијанската уметност за бранење. Многу од играчите кои ми се примери во кариерата се Италијанци. Малдини, Барези, Неста, Канаваро, Ширеа, можам да набројувам уште многу. Се заљубив во начинот на кој Италијанците се бранат, затоа отидов таму. За мене, тажно е што си одам од Ајакс, но дојде време секој да оди по својот пат. Ќе ми недостастуваат сите, но никогаш не се знае што може да донесе иднината, – порача 19-годишниот стопер.