Далас го уништи Портланд, откако во “Американ Ерлајнс” центарот го декласираше противникот со 50 поени разлика.
“Мавси” го диктираа темпото од самиот почеток и извојуваа голема победа од 128:78. Лука Дончич одигра инзвонреден натпревар постигнувајќи дабл-дабл учинок со 39 поени и 11 скокови. Кај “блејзерси” само тројца кошракари успеаа да постигнат двоцифрен број на поени.
Ова претставуваше четвртиот најтежок пораз во историјата на Портланд Треил Блејзерс и најкатстрофално издание уште од 1998-ма година. За тимот од Орегон ова беше десети пораз едно по друго. Далас се наоѓа на четвртата позиција во западната конференција пред последниот меч во регуларниот дел на првенството.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















