Конфликтот на Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ на миланското дерби во Копа Италија ќе биде топ-тема во италијанските медуми во наредниот период, а веќе почнаа да се појавуваат првите информации зошто овој немил настан беше инициран.
Швеѓанецот, наводно, му ја опцул мајката на Лукаку на терен, а исто така го нарекол и „мало магаре“. Белгиецот ја загуби главата, а дека паднале тешки зборови за неговата мајка, говорат зборовите на играчот на Интер пред тунелот.
„Сакаш да зборуваш за мојата мајка?“, кажа Лукаку и тоа се слуша на снимката на која нема коментатори и може да се чуе звукот од теренот. Исто така и Белгиецот не штедеше на зборови и на Ибрахимовиќ му кажа „ќе те е*ам и тебе и жена ти, кучко“.
Двајцата фудбалери добија жолти картони од судијата поради нивните недолични зборови, а нема да е изненадување ако некој од нив ја загуби главата во вториот дел и добие црвен картон.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















