Македонец откако за првпат летувал на новата дестинација: Кој што сака нека каже, овде е поубавo поевтино од Охрид

789

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Ќафасан, каде се бележи зголемена фреквенција, а задржувањата се околу 30 минути.

Ова значи дека и викендот голем број Македонци заминаа за соседна Албанија на море, нешто што од ден на ден станува се поголем тренд.

За време на викендот преку граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница кај Дебар, минале околу 2.600 патници, што претставува рекордна бројка во изминатиот период од годинава.

Македонските државјани во Албанија патуваат најчесто за одмор на албанското крајбрежје, пред се во Шенѓин, каде климата е идентична со онаа на црногорскиот град Улцињ.

Но и во Драч, Валона, Сарана и Ксамил, дестинации кои ова лето станаа хит со оглед на тоа што границите кон Грција се затворени.

Пред неколку дека голема фреквенција беше забележана на преминот Ќафасан, на македонско – албанската граница кај Струга, каде само во едно претпладне на албанска територија влегле над 3.000 патници.

-Само првите претпладневни часови преку преминот минаа над 3.000 патници, главно македонски државјани, но има и државјани на други земји. Во текот на вчерашниот ден и денеска вкупно поминале над 12.000 лица, информираат од Дирекција за граница и миграција.

Еден од многубројните наши читатели ни испрати реакција кој замоли да биде објавена. Иван М. истакна:

Луѓе, за првпат дојдов на одмор во Албанија и не можев да си поверувам на сопствените очи. Многумина ми кажуваа, но додека самиот не дојдов и видов не можев да верувам.

Во Ксамил сум веќе три дена, па овде цените се дури и поефтини од оние пример во Охрид. А услов, што да кажам. Само нови вили и сместувања, чисти, големи и комотни.

Плажите мали, но средени и навистина убави. За водата нема потреба да зборувам, тиркизно сина и чиста. Во маркети и ресторани и кафичи цените нормални.

Да сум знаел дека е вака, уштед пред неколку години ќе дојдев тука.