Брулин Нетс (и официјално) имаат нов тренер.
Довчерашниот асистент, Жак Вон е новиот предводник на “мрежичките”. Иако многумина прогнозираа дека пораншниот прв тренер на Бостон Селтикс, суспендираниот Име Удока ќе биде наследник на Стив Неш, раководството на Бруклин се реши за друго решение.
Жак Вон е во Бруклин од 2016 година каде беше во улога на асистент а претходно беше главен тренер на Орландо Меџик и помошник во Сан Антонио, покрај легендарниот Грег Попович. Интересно е што Вон како играч настапуваше во дресот на “нетси” во периодот од 2004 до 2006 година.
Бруклин има разочарувачки старт на првенството и се наоѓа во долниот дел на табелата во Источната конференција, со негатвен ефект од 5 победи и 7 порази.
NBA FAN
Димитар Младеновски