Играчот за врска, Аријан Адеми, нема среќа со повредите. Само што се врати на терените, се повреди во дресот на Македонија против Германија и го чека нова пауза.
Големиот борец од средниот ред ја напушти играта во првото полувреме, поточно во 23 минута откако Каи Хаверц го нагази на стапалото. Се направија првите прегледи во Хрватска и се чекаше на магнетна резонанца затоа што Адеми имаше оток на ногата, меѓутоа, новите информации кои доаѓаат од Хрватска воопшто не се добри.
Хрватски „Индекс“ пишува дека македонскиот репрезентативец го чека долга пауза. Се работи за потешка повреда на зглобот и Адеми тешко да се врати на терен до пред зимската пауза.
Ова е голем удар и за Македонија која во ноември има два меча и за Динамо Загреб кој ќе биде без најдобриот фудбалер во ХНЛ и во Европа. Се чека на соопштение од хрватскиот првак, за потврда на повредата на Адеми.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)




