НБА анализа на Димитар Младеновски: “Ѕверот е ослободен” – Kenneth Faried (видео)

0
79

Еден од најподценетите играчи во лигата. Борец кој секоја ноќ дава 100% од себе.

Kenneth Faried не е типичен пример на играч кој со напорна работа дошол до врвот.

Избран како 22-ри пик на драфтот 2011 год. од него се очекуваше борба, енергија и желба за докажување. Но тимот кој го избра доби многу повеќе од само неуморен работник.

Носител на златен медал од во 2014 година какo репрезентативец на С.А.Д. на Светското првенство во Шпанија. Корисен, ефикасен, борбен, благодарен и пред се позитивен лик.

По 6 успешни сезони (на индивидуално поле) во Denver Nuggets ланската сезона беше кошмар за крилото со специфичен изглед.

Минимална минутажа беше изненадување за сите. Следуваше трампа во Brooklyn Nets, тим кој скоро и да не го користеше во својот систем. Исто како и ланската сезона, на почетокот на оваа (’18-’19) Faried во игра влегуваше од клупата за резерви (добиваше од 5 до 9 минути) и минимална шанса да се докаже .

Но за “Мanimal” – надимак кој го доби уште како дебитант поради својата пожртвуваност и енергијата со која играше на теренот, конечно дојдоа подобри денови.

Од заборавен играч како член на неговите предходни тимови (Denver и Brooklyn) на крајот доаѓа како слободен играч во тим на кој и тоа како му е потребен – Houston Rockets.

Во само 3 натпревари за својот нов клуб веќе покажува многу повеќе од очекуваното. Доколку добие права шанса (минутажа) крилото со магична насмевка и убиствена жар за игра под обрачите,  “ѕверски” има што да покаже на кошаркарскиот терен.

NBA FAN

Димитар Младеновски

Прочитајте ги и претходните анализи на Димитар:

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here