Од синоќешната NBA програма која броеше 11 мечеви, го издвојуваме дуелот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Индијана Пејсерс. Тимот од “Ел-Еј” сезонава не ја започна според очекувањата. Леброн Џејмс се врати во составот по суспензијата од еден натпревар, и приреди вистинско шоу.

Во ефикасен натпревар на кој регуларните 48 минути не беа доволни за да се прогласи победникот, гостите носени на плеќи на својот лидер успејаа да триумфираат во продолжението (124-116). “Кралот” постигна 39 поени и 6 асистенции кој беа клучни за победата. Одлична поддршка доби од Расел Вестбрук, кој во последно време игра во голема форма. “Рас” постигна 20 поени, 7 скокови и 5 асистенции. Победата е уште по значајна доколку се има во предвид дека не настапи вториот најдобар играч на “лејкерси”, Ентони Дејвис.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















