Се забранува плаќање во готово за износ над 10.000 евра

166

Европската комисија планира да воведе горна граница за плаќање во готовина.

Во борбата против перењето пари, Комисијата размислува за забрана за плаќање во готово за износ од над 10 000 евра, соопшти комесарката за финансии Мејрид Мекгинис во изјава за германски „Зидојче Цајтунг“.

– Разговараме за горна граница од 10.000 евра. Многу е тешко да носите толку пари во џеб. Повеќето луѓе не го прават тоа, рече таа.

Забраната ќе биде дел од пакетот предлог закони против перење пари што комисијата планира да ги претстави во јули.

Мекгинис вели дека, со поддршка на членките, сака да формира институција на ЕУ за борба против перење пари и финансирање тероризам.

– Таа ќе има многу надлежности и директно ќе ја надгледува политиката против перење пари на големите банки, објасни комесарката.

Според неа, тој пакет мерки ќе биде голем напредок во борбата против перењето пари.