Солзите на фудбалерот на Барселона го обиколија светот

0
94

Бразилецот Малком во најконтроверзниот трансфер на последниот преоден рок пристигна во Барселона.

Каталонците во последен момент го украдоа од Рома. Италијанците веќе се пофалиле дека го договориле неговото доаѓање од Бордо, го чекаа на аеродром, а тој слета во Барселона која го плати 41 милион евра.

До синоќа Малком беше без погодок за каталонскиот клуб. После 30 секунди од влегувањето во игра против Интер заби гол во мрежата на противникот. Колку тоа му значеше на првенецот во дресот на шпанскиот првак говорат и неговите солзи после погодокот.

“Барселона беше мој сон уште кога бев дете. Деби во Лигата на шампионите, прв гол…Тоа ќе го паметам до крајот на животот. Го прославив голот со семејството. Ви благодарам на поддршката”.

Оваа сезона 21 годишниот Бразилец одигра само 114 минути.

“Сакам да играм повеќе. Секој ден на тренинзите се трудам да покажам дека припаѓам во овој тим на играчи”, рекол Малком.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here