Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона по повеќе од две децении ќе се врати во клубот, тврдат англиските медиуми.
Според нив, идејата е на Оле Гунар Солскјер, а Французинот би требало да работи како амбасадор на Јунајтед, заедно со Брајан Робсон и Денис Ирвин. Кантона е еден од омилените фудбалери на навивачите на Јунајтед иако дресот на овој тим го носеше само пет години.