Рикардо Мајорга. Еден од најексцентричните ликови кој се појавиле во боксерскиот ринг. Пред некое време стави крај на својата (најблаго кажано) атипично хаотична кариера. Се повлече на (цели) 46 години! Професионален боксер со 25 годишно искуство и двократен Светски шампион. Но овој борец беше појава која ретко се гледа. Почнувајќи од хаотични прес конференции, преку отворени навреди, се до негово појавување пред борбите со цигара во устата и мачета во раката! “Матадорот” беше еден од најуникатните и најомразените ликови кој се појавиле во рингот.

Секогаш драматичен и хаотичен. Секогаш непредвидлив. Лудо самоуверен. Не ретко саркастично реагирајќи на секој потег на противникот, некогаш во своја полза а некогаш со лош резултат. Од многумина окарактеризиран како лудак. Можеби најопасно делува фактот што Мајорга во секој меч влегуваше со (онаа стара) навика од своето тешко детство. Растен во ужасно тешка сиромаштија и мизерни услови на улиците во Гранада, (во родната) Никарагва. Настапуваше бестрашно, самоуверено, дури и арогантно, но основата беше иста како во неговата најрана возраст. Немаше што да загуби. Токму такви “фајтери” се најопасни. Пеколот кој го преживеал го пренесе на професионално поле. Уживајте во профилот на најомразениот боксер на сите времиња.
Димитар Младеновски





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ВИДЕО] Колони возила пред бензинските во Русија, земјата се соочува со недостиг на нафта](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2022/03/benzin-gorivo-960x639-1-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)

