NBA колума на Димитар Младеновски-Несекојдневниот херој Вес Метјус (ВИДЕО)

429

NBA лигата изобилува со интересни и возбудливи приказни. Токму таков е професионалниот пат на Весли Џоел Метјус. Еден од најдобрите шутери во Светот, бекот на Милвоки Бакс ја игра најзрелата кошарка во кариерата. Претставува еден од најдобрите и најуспешните играчи кој иако не биле драфтувани, успеале со напорна работа и константно докажување да изградат богата кариера. “Челичниот Вес” како што го нарекуваат поради неговата пожртвуваност и издржливост со која секоја ноќ се појавува на бојното поле, веќе е ветеран со 11 годишно искуство. Претставувајќи ги “елените” каде дојде годинава како слободен играч, претставува остварување на еден голем детски сон.

“Вес” ги има освоено сите почести во средношколска категорија преку средното училиште Западен Медисон а и целокупната универзитетска наобразба ја доби преку колеџот Маркет. Како средното, така и високото образование Метјус го комплетираше во градот во кој израсна и за кој сега настапува, Милвоки (Висконсин). Следува видео во кое му се оддава почест на “челичниот стрелец” токму од неговиот универзитет во неговиот “кремаст град”. Херојот од Милвоки, Весли Метјус.

NBA FAN

Димитар Младеновски