Александар Тарабунов – Тара не мирува! Пејачот повторно ги изненади фановите со нова песна, летен хит кој го носи името „Дај ми“. Наместо класичен видео – запис, Тара овојпат со интересно lyric видео преку кое што е ставен акцент на текстот во песната кој што е дело на самиот Тара. Тој ги потпишува и музиката и аранжманот.
„Времето поминато дома го користам продуктивно, во компонирање и создавање музика. Сосема спонтано и случајно излезе „Дај ми“, тема која е што е комплетно мое авторско дело и за која што се надевам дека публиката ќе ја прифати и ќе им се допадне. Не отстапував ниту овојпат од звукот кој што е препознатлив за мене“, откри пејачот.
„Дај ми“ официјално е објавена на Јутјуб каналот на Тарабунов кој што после извесен период пауза повторно е активен, а на истиот покрај новата песна, можете да најдете и дел од темите кои што ја имаат одбележано неговата досегашна кариера. Каналот го носи неговото име и презиме – Александар Тарабунов и на истиот можете да се претплатите.
Освен „Дај ми“ пред повеќе од еден месец Тара го промовираше видеото за темата „Нема крај“, а деновиве објави и интересен кавер.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















