Најдоброто од Ненад Димитријевиќ (ВИДЕО)

790

Нашиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ ја одигра најдобрата сезона во досегашната кариера.

25-годишниот бек ја освои шампионската титула во Руската “ВТБ лига”со УНИКС Казан и беше прогласен за најкорисен играч во финалната серија против Локомотив Кубан. Популарниот “Нено” претставува еден од најпосакуваните “слободни агенти” на пазарот. По одличните партии во дресот на “зелените”, нашиот бек стана посакувана цел на голем број Европски гиганти.

За сега како идна дестинација за нашиот играч се споменуваат Белградските великани, Црвена Ѕвезда и Партизан а пред некое време својот интерес за Димитријевиќ официјално го изрази поранешниот повеќекратен Европски шампион, Фенербахче како и Шпанска Басконија и Германски Бајерн Минхен.

Додека ја чекаме неговата официјална одлука каде ќе настапува во следното првенство, ви ги претставуваме најубавите потези од нашиот репрезентативец.
Уживајте….

Димитар Младеновски